📷 ПОГЛЕДНЕТЕ КОЈ ГО ЧЕКАШЕ НОВИОТ ПАПА МЕЃУ НАРОДОТ Се појави без обезбедување, со шапка и со очила за сонце
Социјалните мрежи „експлодирале“ штом се појавиле фотографиите и видеата. Фановите ширум светот не можеле да веруваат каде го затекнале славниот пејач.
Во Рим вчера била забележана сцена која изненадила многумина. Меѓу илјадниците верници и туристи, кои се собрале на плоштадот Свети Петар да го дочекаат објавувањето на новиот поглавар на Римокатоличката црква, се појавил и Хари Стајлс.
30-годишниот британски пејач, добитник на 3 Греми награди и глобална музичка икона, стоел ненаметливо меѓу „обичниот свет“, без обезбедување, носел сива шапка со натпис „Techno is my boyfriend“, со црни очила и со сино палто.
Сведок на историја: Првиот папа од САД
Стајлс се појавил во моментот кога папата Лав 14 го одржувал својот прв јавен говор. Станува збор за првиот папа од САД во историјата, а конклавата траела 2 дена пред да биде објавен изборот официјално.
За да биде сѐ поинтересно, Хари не бил гостин со ВИП акредитација, туку дел од „обичните луѓе“, тивок и со почит, како и самиот тој да ја чувствува тежината на моментот.
„Денес на доделување на Греми, утре го чека папата“
Социјалните мрежи „експлодирале“ штом се појавиле фотографиите и видеата. Фановите ширум светот не можеле да веруваат каде го затекнале.
Еден корисник на социјалната мрежа Икс напишал: „Хари Стајлс е вистински лик, денес на Греми, утре трча маратон во Јапонија, а потоа ете го во Рим, го чека папата. Го обожувам“.
Други се пошегувале: „Не можам да верувам, новиот папа прв ден на работа, а веќе го видел Хари Стајлс. Што го чека наредните денови?“
Маратонец, музичар и мистик?
За потсетување, Хари минатиот месец учествувал на маратонот во Токио којшто го завршил за помалку од 4 часа, пред повеќе од 20.000 учесници. Од светлата на рефлекторите до тишина на римските плоштади, Хари како да го бира животот на сопствен начин, без оглед на очекувањата.
Harry Styles spotted in Rome for the new Pope announcement. pic.twitter.com/LqERgA7FNL
— Pop Crave (@PopCrave) May 8, 2025