🎥 ПОГЛЕДНЕТЕ КАКОВ СТРАШЕН НАПАД ВРЗ БУГАРСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ Опасен хулиган свиткал џам
Објавена е видео снимка од моментот кога е скршено стаклото на вратата од бугарската амбасада во Скопје.
Министерството за надворешни работи на Бугарија вчера го оцени тоа како напад извршен од непознато лице.

Министерството за внатрешни работи на Македонија информираше дека офицерот за безбедност на амбасадата, преку системот за видео-надзор, забележал дека едно лице оштетило стакло на влезната врата од дипломатското претставништво. Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го оштетило стаклото од влезната врата, велат од МВР.
View this post on Instagram
Од Министерството наведоа дека веднаш се преземени мерки и активности за целосно расчистување на случајот, при што се работи на утврдување на идентитетот на сторителот и на сите околности поврзани со настанот.