Погледнете како се радуваат Италијанците кога сфаќаат дека ја победиле короната

На видеото се гледа огромната среќа на лицата на пациентите кои го победиле вирусот, како и неизмерната радост кај здравствените работници кои се најзаслужни за спасувањето животи.

5,068

Италија продолжува лавовски да се бори со коронавирусот, иако токму оваа држава бележи најмногу жртви од сите земји во светот. Вкупниот број починати од почетокот на пандемијата во оваа земја изнесува нешто повеќе од 16.000 пациенти.






Но, има и огромен број луѓе кои успеале да ја победат заразата. Каква радост чувствуваат овие луѓе говори и видеото „Трка против времето“ кое деновиве постојано се шири на социјалните мрежи. Видеото го направиле здравствените работници во Одделението за реанимација во болницата „Сестри Леванте“.

На видеото се гледа огромната среќа на лицата на пациентите кои го победиле вирусот, како и неизмерната радост кај здравствените работници кои се најзаслужни за спасувањето животи.

Поврзани содржини