Погледнете како Меган го стега вратот, како усните ѝ треперат! ВИДЕО

1,240

Според експертите за говорот на телото, Меган Маркл не реагирала најдобро кога за време на виртуелниот самит на магазинот „Форчун“ (Fortune) ѝ рекле дека „таа не е единствената моќна жена“.

Меган се приклучи на самитот виртуелно, од нејзината куќа вредна 14 милиони долари во Санта Барбара, во која живее со нејзиниот сопруг принцот Хари и синот Арчи.






Таа тврди дека не обрнува внимание на јавните ласкања и критики, а ги нападна медиумите дека намерно ги извртуваат нејзините зборови за да звучат поконтроверзно.

Стручњакот за говор на тело Брус Дурам во разговорот за „Мирор“ констатирал дека Меган не била целосно искрена за време на самитот. Како што вели, кога една од уредниците на „Форчун“, Елен Мекгирт, рекла дека таа „не е единствената моќна жена во таа равенка“, војвотката од Сасекс покажала јасни знаци на непријатност.

– Таа тоа не го сфаќа онака како што е кажано, таа тоа го сфаќа како закана До тој момент соговорничката ја фалеше – тврди Дурам.

Тој додал дека Меган во тој момент покажувала знаци дека „нејзиното его дивее“, што се гледало во начинот на кој ја мести косата и се обидува да се намести за да изгледа силно.

– Погледнете го нејзиниот врат, како го стиска, тоа е реакција на животните. Не ѝ се допаѓа тоа што го слушна, дека не е единствената моќна – тврди Дурам.

Тој исто така истакнува дека зборот автентично го изговорила повеќепати, настојуваќи да ја истакне својата автентичност.

Иако тврдеше дека навистина не ѝ е грижа за тоа што пишуваат медиумите за неа, Дурам истакнува дека говорот на нејзиното тело укажува дека тоа не е вистина.

Освен што ѝ трепереа усните, таа постојано гледаше надолу.

 

Поврзани содржини