ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО КЕЈТ Ѝ ОДДАДЕ ПОЧЕСТ НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА Сите ја забележаа неверојатната сличност (ФОТО)
Стилот на Кејт Мидлтон неретко се споредува со оној на принцезата Дијана, а војвотката со деталите открива колку ѝ се восхитува на својата почината свекрва.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се појавија на светската премиера на новиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ во Лондон, а токму Кејт ги засени сите присутни со својот изглед. Војвотката од Кембриџ буквално блесна во златен фустан на дизајнерката Џени Пекам, а со креацијата ѝ оддаде почит на покојната принцеза Дијана.
View this post on Instagram
Британските медиуми веднаш се распишаа за неверојатната сличност на фустанот што Кејт ја избра за премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд со оној што принцезата Дијана го носела во 1985 година. Таа година, Дијана се појавила на премиерата на „Поглед на убиство“ во сребрен фустан со сличен крој, а тогаш во улогата на Џејмс Бонд бил Роџер Мур. Леди Ди отишла на премиерата со нејзиниот тогашен сопруг, британскиот принц Чарлс.
Стилот на Кејт Мидлтон неретко се споредува со оној на принцезата Дијана, а војвотката со деталите открива колку ѝ се восхитува на својата почината свекрва.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм