📷 ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДА ЛУКСУЗНИОТ ХОТЕЛ НА ДИКАПРИО ВО ИЗРАЕЛ Јавноста е бесна: „Одвратно, повеќе нема ништо негово да гледам“!

Проектот вреден милиони долари ги подигнува стандардите за одржливост, но предизвикува и бран критики поради моменталната ситуација во регионот.

1,256

Холивудската ѕвезда Леонардо Дикаприо (50) и израелската градежна компанија „Хагаг груп“ добија зелено светло за изградба на спектакуларен хотел на престижна локација веднаш до Херзлија Марина, луксузна плажа недалеку од Тел Авив. Комисијата за просторно планирање и градежништво во Тел Авив минатата недела даде конечно одобрение за проектот, отворајќи ја вратата за една од најамбициозните хотелски инвестиции во земјата.

Станува збор за проект зад кој стои „Хагаг Марина Херзлија Лтд“, подружница на моќната „Хагаг груп“ предводена од браќата Цачи и Идо Хагаг. Новиот хотел ќе се простира на импресивни 51.000 квадратни метри, со дозволена висина до 14 ката – што е драстичен скок во споредба со првичните 10.000 квадратни метри во времето на купувањето на земјиштето, објавуваат израелските медиуми.

 







Освен двете згради со 365 хотелски соби, проектот вклучува голем базен, конференциски центар, ресторан од висока класа, комерцијални објекти, како и подземен простор од 8.000 квадратни метри, од кои 1.500 квадратни метри се наменети за основната функција на комплексот. Посебна атракција ќе биде луксузната марина за јахти со директен пристап до хотелот, што ќе им овозможи на гостите да пристигнат директно во хотелот по морски пат.

Проектот е потпишан од реномираното израелско студио „Рани Зис архитектис“, а она што дополнително го издвојува од конкуренцијата е силниот фокус на одржливоста. Според соопштението на групацијата „Хагаг“, токму заедничката еколошка визија беше клучна точка на соработката со Дикаприо, познат по својата вклученост во прашањата за климатските промени. Целта е хотелот да биде еден од најнапредните во Израел во однос на еколошката одржливост и енергетската ефикасност.

 


Да потсетиме, браќата Хагаг ја обезбедија опцијата за купување на земјиштето уште во 2015 година, а продажбата беше склучена во 2017 година, кога ја купија локацијата од Азорим и Кендал за 78 милиони шекели (околу 23 милиони долари). Првичната идеја беше да се изградат 200 апартмани за одмор, но откако градската комисија го отфрли тој предлог, проектот беше пренасочен кон хотелската индустрија – со дополнителни сместувачки капацитети.

„Проектот Херзлија Марина е наш клучен инвестициски проект – резултат на темелно планирање и архитектонска иновација, која целосно ги исполнува меѓународните стандарди за луксуз“, порачаа браќата Хагаг, додавајќи дека оваа локација ќе стане нов симбол на луксузен туризам во Израел.

Дикаприо поседува 10 отсто од акциите во луксузното одморалиште и го усогласи проектот со ЛЕЕД стандардите на Американскиот совет за зелена градба, што значи дека ќе спроведува одржливи практики во областите на енергетска ефикасност, заштеда на вода, избор на локација, употреба на материјали и квалитет на внатрешната средина.

И додека екологијата е важна за Дикаприо, поради овој проект, тој предизвика огромен јавен гнев врз себе, бидејќи „очигледно го допираат злосторствата што ги прават Израелците во Газа“, а некои дури повикуваат на бојкот на неговите филмови.

„Повеќе нема да гледам ништо негово“, „Ова е одвратно“, „Еколошки освестен? Во соработка со земја што ги изгладнува децата? Тоа е прашање на избор“, „Тој го крие лицето кога е со Џеф Безос и неговата сопруга, но нема срам да ги продолжи своите планови за изградба на луксузен хотел во земја што моментално спроведува етничко чистење врз своите соседи“, беа само некои од коментарите за новонајавениот проект.

 


Инаку, Лео е страсен застапник на заштитата на животната средина со години, од климатските промени до заштитата на дивите животни. Преку својата фондација Re:wild, тој донираше над 200 милиони долари за еколошки проекти низ целиот свет.

 

 

Поврзани содржини