Погледнете како изгледа хамбургер од Мекдоналдс стар 24 години (ВИДЕО)
На видео кое досега собра 3,8 милиони прегледи, баба отвора кутија за чевли во која чува хамбургер од 1996 година и помфрит од Мекдоналдс.
Американката Али Шерб објави видео на „ТикТок“ во кое нејзината баба покажува како изгледа хамбургер што го чувала 24 години.
На видео кое досега собра 3,8 милиони прегледи, баба отвора кутија за чевли во која чува хамбургер од 1996 година и помфрит од Мекдоналдс. Иако не изгледаат многу свежо, од нивниот изглед тешко ќе погодите дека се стари 24 години.
Бабата прво го покажува помфритот, за кој коментира дека изгледа како да испаднал од задното седиштето во автомобилот пред еден месец, и додава дека компирчињата воопшто не скапале.
После тоа, таа покажува хамбургер каде ниту месо, ниту на лепчето нема траги од распаѓање.
@aly.sherbMake this go viral, y’all ##grandparentsoftiktok ##mcdonalds ##fyp ##decadechallenge ##foryou ##happymeal
Ова не е прв пат некој да објавува видео на храна од Мекдоналдс на Интернет стари по неколку години.
– Нашите хамбургери, како и секоја друга храна, може да се расипат, но мора да има одредени услови за тоа, пред се влагата – коментираше на една од тие снимки Ана Кристенсен, директорка на репутација на брендот во Мекдоналдс.
– Без доволно влага, или во храната или во околината, нема да се појават бактерии и затоа храната нема да се распадне. Ако храната е доволно сува, таа нема да се распадне. Слично нешто се случува со дехидрираната храна што ја подготвувате дома. Иако овој хамбургер е сув и дехидриран, во никој случај не е ист како и денот кога бил купен – додаде таа.
Нејзината теорија ја потврди и Доналд В. Шафнер, професор на универзитетот „Рутгерс“, кој објасни за „Фокс њуз“ дека хамбургерите на Мекдоналдс се многу добро печени, што во почетокот ги убиваат бактериите и додаде дека овие хамбургери, доколку се чуваат во соодветни услови, тие едноставно стануваат дехидрирани.