ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЛОН МАСК ГО „МАСАКРИРАШЕ“ НОВИНАРОТ НА БИ-БИ-СИ „Ова е апсурдно, како тоа зборуваш за говор на омраза, а не можеш да се сетиш на ниту еден конкретен пример?!“

Дописникот ја британскиот јавен сервис невнимателно влета во дуел со сопственикот на Твитер, не очекувајќи дека од Илон Маск ќе добие едноставни, но жестоки контрапрашања. Сето тоа покажува дека фенси пристапот кон темите за говор на омраза и за лажните вести не е продуктивен и самиот доведува до апсурд.

3,979

Слободата на говорот губи смисла ако им ја забранувате на луѓето со кои не се согласувате.

Со оваа централна теза настапи сопственикот на Твитер, изумителот на Тесла и еден од најбогатите луѓе на денешницата, Илон Маск, во ексклузивното едночасовното интервју за дописникот на Би-Би-Си од Сан Франциско, Џејмс Клејтон, објавено пред неколку дена. Ова интервју се уште предизвикува бурни реакции на интернет.






Дописникот се обиде да го нападне Маск за темата за лажните вести и за говорот на омраза. Тој настапи со познатата теза дека на Твитер има пораст на содржините со говор на омраза, дури кажа дека за тоа сведочи и од лично искуство. Но, од Маск доби неочекувано контрапрашање:

– Дали гледате пораст на говорот на омраза, или пораст на содржините што не ви се допаѓаат? Што би бил говор на омраза?

Новинарот на Би-Би-Си не успеа да даде конкретен одговор за какви содржини станува збор. Откако ја почувствува збунетоста на новинарот, сопственикот на Твитер од новинарот побара да му наведе еден пример на лажна вест или говор на омраза.

Иитервјуто доби неочекуван тек, бидејќи дописникот не можеше да се сети на ниту една таква конкретна вест.

После тој клучен момент во разговорот, Илон Маск буквално го масакрираше новинарот на Би-Би-Си. Неколку пати инсистираше од него да добие барем еден конкретен пример на говор на омраза или на лажна вест, докажувајќи му ја на новинарот апсурдноста на неговата теза. Погледнете како изгледаше тоа:

Сопственикот на Твитер премина во контранапад, обвинувајќи дека и Би-Би-Си објавил работи кои се невистинити. Кутриот дописник прво кажа дека не е одговорен за уредувачката политика на британскиот јавен сервис, но призна дека некои објавени вести на Би-Би-Си подоцна се покажале како неточни.

Невнимателно, дописникот отвори дебата за известувањето за Ковид 19. Илон Маск буквално го дочека на волеј:

– Дали Би-Би-Си воопшто се смета за одговорен за дезинформациите за маските и за несаканите ефекти од вакцинацијата? Воопшто не известувавте за тоа – обвини сопственикот на Твитер.

Овде можете да го проследите целиот разговор. Верувајте, ако не ви е проблем англискиот јазик, вреди да се потроши еден час на ова интервју:

Поврзани содржини