Погледнете како досега се одвива вакцинацијата во Европа (ФОТО)

Со одобрени неколку вакцини за коронавирус, Европа ја забрзува вакцинацијата против оваа болест.

506

Единствениот начин да се излезе од кошмарот наречен „ковид-19“ е да се вакцинираат што повеќе луѓе, сметаат бројни експерти.

Со одобрени неколку вакцини за коронавирус, Европа ја забрзува вакцинацијата против оваа болест.






Велика Британија е првата земја во Европа што започна со вакцинација против коронавирусот, а на крајот на декември започна вакцинацијата и во земјите-членки на ЕУ. Меѓу првите што ги примија вакцините беа земји кои не се членки на блокот, како што се Швајцарија и Србија.

Но, која земја постигнува најдобар напредок? „Еуроњуз“ објави како изгледа состојбата во Европа, а податоците беа собрани од официјални владини извори и извештаи од медиумите.

Нема централна база на податоци за вакцините и не ги објавуваат сите земји во оваа рана фаза.

Исто така, постои можност некои податоци да не се точни, бидејќи некои држави може да пријават вакцинација како примање на една доза, додека други ги бројат двете дози, со цел да се создаде имунитет. Овие податоци се од вчера, па бројките веројатно се зголемени во последните неколку часа.

Табелата содржи податоци за вакцинација на 100.000 жители, целосна вакцинација (две дози) и целосна вакцинација на 100.000 жители.

Како што може да се види на картата, Велика Британија сè уште е водечка во оваа „трка“, па досега даде повеќе од 2,8 милиони вакцини, додека околу 412 лица примиле целосна вакцинација.

На второ место е Италија, која вакцинираше нешто повеќе од 800.000 луѓе.

Следува Германија, со повеќе од 688.000, Шпанија со повеќе од 488.000 и Полска со повеќе од 309.000 вакцинации.

Хрватска е водечка во регионот, со околу 30.000 вакцини. Словенија има повеќе од 24.000 вакцини. Иако на табелата пишува дека Србија дала 9.300 дози, сепак медиумите пишуваат дека има повеќе од 16.000 лица.

Во некои земји како Македонија вакцинацијата сè уште не е започната, додека претставникот на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, потврди дека за 28 дена биле дадени околу 28 милиони дози вакцини против коронавирусот во 46 земји, од кои дури 38 се богати.

Поврзани содржини