Погледнете го „рајот“ што го продава Сталоне за 3,35 милиони долари (ФОТО)

533

Холивудскиот актер Силвестер Сталоне го продава своето живеалиште во Ла Квинта, Калифорнија, САД, за 3,35 милиони долари.

Тоа е за околу 1,15 милиони долари помалку од она што тој го плати за тоа пред повеќе од 10 години.






Вилата во медитерански и тоскански стил има внатрешен простор од 4.889 квадратни метри, четири спални соби и пет бањи.

The La Quinta home combines Spanish and Mediterranean details.

Двокатниот дом, изграден 2008 година, нуди и пространа дневна соба со тавани со двојна висина и камин од камен, трпезарија со тераса, кујна со дрвени ормани, средиштен дел од дрво и камен, сала за појадок и просторија за вино, според описот на Џош Риф од Даглас Елиман, објавен при огласот за продажба.

Агентот за недвижности, Риф рекол дека г-н Сталоне и неговото семејство го користеле домот за одмор од градскиот метеж, и оти имотот е добро одржуван.

Сталоне (73), глумец, сценарист, режисер и сликар, го купи имотот во 2010 година за 4,5 милиони долари. Тој потоа, прво го огласи имотот за 4,2 милиони долари во 2014 година. Оттогаш, домот беше на и вон пазарот наизменично, по различни цени со промените на условите на пазарот, за да стигне до сегашната цена.

The La Quinta home combines Spanish and Mediterranean details.

The La Quinta home combines Spanish and Mediterranean details.

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини