📷 🎥 ПОГЛЕДНЕТЕ ГО МОМЕНТОТ КОГА АКТЕРОТ СЕ ПОЈАВИ ГОЛ НА ОСКАРИТЕ Меѓуножјето го покрил само со плик

Една од повпечатливите работи на синоќешното доделување на престижната награда Оскар, беше кога американскиот борач и актер Џон Сина се појави гол на сцената.

1,018

Една од повпечатливите работи на синоќешното доделување на престижната награда Оскар, беше кога американскиот борач и актер Џон Сина се појави гол на сцената. Тој ја објави категоријата за најдобра костимографија (која, инаку, заврши во рацете на костимографот на филмот „Кутри нешта“).

Сина ги покри клучните делови со плик и се пошегува дека тој е доказ дека „костимите се навистина, навистина важни“. Со оглед на тоа дека интимните делови ги покри со плико, неколкупати нагласи дека не може да ги чита номинираните без да се „изложува“ пред публиката, а монтажата потоа премина на претставување на номинираните.






Меѓутоа, иако најпрво се чинеше дека е гол, потоа се појави фотографија како изгледа неговата „облека“.

Џон имал парче ткаенина залепено со селотејп напред и на задната страна во случај да дојде до некоја екстремно непријатна случка на сцената. Тоа е, всушност, „modesty pouch“ што ја користат актерите при снимањето љубовни сцени.

 

Поврзани содржини