Погледнете ги внимателно вашите нокти, тие ќе ве предупредат на проблемите со здравјето за кои можеби не знаете

1,082

Внимателно следете ги состојбата и изгледот на вашите нокти. Овие промени често укажуваат на банални, но и на сериозни здравствени проблеми.

Бели или жолти дамки на ноктите






Овие дамки можат да бидат знак на габична инфекција. Доколку ја игнорирате оваа состојба, ноктите со текот на времето ќе се стврднат и ќе почнат да пукаат на краевите. Не чекајте да се случи тоа, побарајте совет од вашиот дерматолог.

Кршливи нокти кои се „разлистуваат“

Ваквите нокти можат да бидат последица на често миење на рацете, како и на честа употреба на средства на симнување лак и на други хемикалии. Но, кршливоста на ноктите може да укаже и на нарушено функционирање на штитната жлезда. Ако имате и други симптоми (замор, безволност), не се двоумете, јавете му се на вашиот лекар.

Нокти со зеленкаста боја, со оток и болки

Ваква состојба на вашите нокти наложува веднаш да се јавите на лекар. Најверојатно станува збор за бактериска инфекција и лекарот ќе ви препише соодветни лекови.

Темни дамки и вертикални линии

Овие знаци можат да сигнализираат и тешки заболувања, какво што е меланономот, но можат да бидат и само бенигни бемки. Зошто да ризикувате? Посетете го вашиот дерматолог и отстранете ги сите дилеми.

Хоризонтални лакови на ноктите

Ова е знак на недостиг на хранливи материи ви организмот, посебно ма железо. Тие можат да укажат и на некаква физичка или емоционална траума на организмот, па дури и на депресија.

Поврзани содржини