🎥 ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА РЕАКЦИЈАТА НА ЏЕЈМИ ЛИ КЕРТИС НА ФУСТАНОТ НА ПОМЛАДАТА КОЛЕШКА Сидни Свини со денови актуелна поради своето секси издание

Погледнете ја реакцијата на филмската легенда Џејми Ли Кертис на проѕирниот фустан на Сидни Свини на црвениот тепих

5,384

Кога го виде проѕирниот фустан на Сидни Свини (28) на црвениот тепих на настанот „Моќта на жените“ на „Варајети“ (Variety’s Power of Women) во Лос Анџелес, 66-годишната актерка Џејми Ли Кертис застана во место, покажа кон русокосата бомба, ја погледна од глава до петици со восхит, а потоа силно ја прегрна.

– Здраво! – рече возбудено Свини, 28, додека ја прегрнуваше Кертис.






Потоа двете позираа заедно за фотографите, а Кертис цврсто ја стегна Свини и ѝ шепна на увото нешто што ја насмевна.

Ѕвездата од „Еуфорија“ – која беше признаена како една од добитничките на наградата оваа година – се забавуваше во блескав сребрен фустан до подот кој не оставаше многу простор за имагинација.

Кертис може да се поврзе со вниманието што Свини го добива поради својот изглед, бидејќи прва стана позната како „The Body“ („Телото“) во 80-тите.

Во интервју за CBS News во 2010 година, Кертис беше прашана дали ѝ се допаѓа прекарот.

– Не, не. Не мислам дека некој сака да биде познат по нешто што е надворешно. Не верувам во тоа. Не мислам дека која било жена сака да биде позната по тоа што е убава или со гради. Мислам дека сакаш да бидеш познат по тоа што си – одговори таа.

Поранешната колешка и секс симбол Шерон Стоун има поинаков став.

– Во ред е да го користиш она што ти го дала мама. Навистина е во ред. Знаете, тешко е да бидеш секси, и мислам дека сите го знаеме тоа – рече 67-годишната актерка за време на интервјуто на црвениот тепих на истиот настан.

– И навистина е во ред да ја искористиш секоја доза на сексипил што ја имаш токму тука, токму сега, и да се стремиш кон што и да е тоа што го сакаш.

Стоун продолжи: „Бидејќи секој има свој одреден вид сексипил, свое одредено нешто, и треба да се стремиш кон тоа, бидејќи кој си ти за да не бидеш убав, знаеш? Тоа кој си ти, не е случајност.“

Според ѕвездата на „Основен инстинкт“, Свини „се разбира себеси, комотна е, центрирана и сигурна во себе“.

@entertainmenttonight

Sydney Sweeney makes a silver splash on the Variety Power of Women Red Carpet with Jamie Lee Curtis. 📸 #sydneysweeney #euphoria #jamieleecurtis #varietypowerofwomen

♬ original sound – Entertainment Tonight

Поврзани содржини