ПОГЛЕДАЈТЕ КАКО ЗЕМЈАВА СЕ ИСКАЧИ НА 3 МЕСТО ПО СМРТНОСТ ОД КОВИД-19 Видео графички приказ на топ 20 земји (ВИДЕО)
Според графиконот, земјава на ранг-листата за прв пат се појавува на 2 јули лани со околу 150 починати на милион жители.
Видео во кое преку анимиран графички приказ се покажува како од почеток на коронакризата се зголемува бројот на смртни случаи во 20 земји во светот најпогодени со коронавирусот е објавена на Animated Stats. На табелата се прикажани кумулативно потврдени смртни случаи на милион жители.
Меѓу земјите најтешко погодени од ковид-19 е и земјава. Податоците се јануари лани кога почна пандемијата во Кина па до средината на октомври годинава.
Според анимираниот графиконот, земјава на ранг-листата за прв пат се појавува на 2 јули лани со околу 150 починати на милион жители. Во декември лани земјава со 1.000 смртни случаи на милион жители се искачила на третото место. Анимацијата е до 14 октомври, кога земјава повторно се искачи на 3 место во светот по смртност од ковид-19 на милион жители.
Перу е на прво место со скоро 6.000 смртни случаи на милион жители.