Поглаварот на Грчката црква Јеронимос го победи ковид-19 и е пуштен од болница

Архиепископот Јеронимос на 19 ноември, со благи симптоми на коронавирусот, беше примен во болница откако добил позитивен резултат на тестот за ковид-19, направен два дена претходно.

207

По 12 дена лекување со ковид-19, поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос денеска беше пуштен од болница, јави дописничката на МИА од Атина.

Од атинската болница „Евангелисмос“ соопштија дека кусо пред 16 часот, Јеронимос бил пуштен.






Архиепископот Јеронимос на 19 ноември, со благи симптоми на коронавирусот, беше примен во болница откако добил позитивен резултат на тестот за ковид-19, направен два дена претходно.

Поврзани содржини