Погба сакаше да биде Роналдо, ама се посрамоти (ВИДЕО)

За потсетување, Погба е муслиман. Оваа религија забранува употреба на алкохол, но пивото кое „Хајнекен“ го промовира на Европското првенство е безалкохолно.

600

Фудбалерот од средниот ред на Франција, Пол Погба, не беше задоволен што шише пиво „Хајнекен“ се најде на маса на прес-конференција по натпреварот од ЕП 2020 со Германија (1:0).

Фудбалерот дојде да разговара со новинарите и кога го здогледа шишето пиво, го зема и го стави под масата, оставајќи пред него две шишиња, со вода и со „Кока-Кола“.






За потсетување, Погба е муслиман. Оваа религија забранува употреба на алкохол, но пивото кое „Хајнекен“ го промовира на Европското првенство е безалкохолно.

Претходно, напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо веќе направи сличен чин. На прес-конференција пред мечот со Унгарија, 36-годишниот фудбалер ги тргна шишињата „Кока-Кола“ од пред него, оставајќи само шише со вода.

 

Поврзани содржини