ПОГБА ПОТПИША СО ЈУВЕНТУС Фудбалерот го завршил лекарскиот преглед
Во исто време, официјалното објавување на зделката најверојатно треба да се очекува во понеделник, а не денеска или утре. По шест сезони Погба се враќа во Јувентус.
Играчот од средниот ред Пол Погба доаѓа во Јувентус како слободен играч. Според новинарот Ромео Агрести, денеска фудбалерот го завршил лекарскиот преглед и веќе потпишал договор со клубот од Торино.
Во исто време, официјалното објавување на зделката најверојатно треба да се очекува во понеделник, а не денеска или утре.
Погба последните шест сезони ги мина во Манчестер јунајтед. Францускиот репрезентативец во минатото играше за Јувентус.