ПОГАЧАТА МОЖЕ ДА НАРАСНЕ И БЕЗ КВАСЕЦ Со кои природни алтернативи ќе направите повкусен и поздрав леб?
Ако се плашите дека квасецот може да има штетни ефекти врз вашето здравје (иако тоа не е потврдено со истражувања), можете да го замените со некои подеднакво ефикасни природни алтернативи
Квасецот е незаменлива состојка во нашата кујна која има грст корисни својства, а сомнежите за неговото штетно дејство првенствено се поврзани со прекумерниот раст на кандида.
Тоа до ден денес не е докажано со истражувања, а сепак луѓето на различни начини „се трудат“ да го намалат внесот на квасец со тоа што првенствено избегнуваат леб и тесто.
Кои корисни материи ги содржи квасецот?
Квасецот е достапен во повеќе форми (прехранбени, пивски, пекарски, како дериват на меласа)…
Богат е со протеини и ги содржи сите девет природни есенцијални амино киселини. Исто така, има висока содржина на витамини од групата Б, цинк, хром, селен, железо, магнезиум и растителни влакна. Квасецот содржи фолати и бета глукани, благодарение на кои има способност да влијае на имунитетот, односно на растот на добрите бактерии. Поттикнува регулирање на нивото на шеќер во крвта и влијае на подобро искористување на енергијата.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.