ПОГАЧАР ЈА ПОКОРИ ФРАНЦИЈА ПОВТОРНО Четврта круна за Словенецот на Тур де Франс
Тадеј Погачар го освои четвртиот трофеј на најпрестижната велосипедска трка во светот, оставајќи ги зад себе Вингегард и Липовиц.
Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар триумфираше на Тур де Франс 2025, освојувајќи го престижниот трофеј по четврти пат во својата кариера.
Членот на тимот ОАЕ Емирати ХРГ, 26-годишниот Погачар, ја заврши тринеделната трка со вкупно време од 76 часа и 32 секунди, со што повторно се запиша во историјата на светскиот велосипедизам.
На второто место заврши Данецот Јонас Вингегард, додека бронзениот пласман му припадна на Флоријан Липовиц од Германија.
Погачар претходно славеше на Тур де Франс во 2020, 2021 и 2024 година, а со новиот триумф само го потврди статусот на еден од најдоминантните велосипедисти на својата генерација.