ПОЕВТИНУВА ПАРНОТО ЗА УЧИЛИШТА, ПРОДАВНИЦИ, ДУЌАНИ Сметката за февруари ќе им биде пониска за 35%

Регулаторната комисија не ја намали цената на парното за домаќинствата, бидејќи тие сега добиваат субвенционирана цена, појасни претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

348

Регулаторната комисија за енергетика ја намали за 35% цената на парното за деловните корисни, основни училишта, мали дуќанчиња во Скопје.

Тоа, како што информира на денешната пресконференција претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, е резултат за намалените трошоци за набавка на природен гас.






– Овие потрошувачи ќе добијат сметки со намалена цена за февруари. Овие потрошувачи не беа субвенционирани во текот на енергетската криза и затоа сега им помагаме – рече Бислимоски.

Тој рече дека сега цената на домаќинствата е за 75% пониска од деловните корисници, а претходно беше многу поголема разликата.

Бислимовски рече дека со денешната одлука не се намалува цената на парното за домаќинствата.

– Домаќинствата добиваат субвенции за парното и затоа во овој период не им се намалува цената на парното, но ја следиме ситуацијата и може да има дополнително намалување – рече тој.

Поврзани содржини