ПОЕВТИНУВА ДИЗЕЛОТ Колку ќе чини литро нафта од полноќ?

Со оваа, најнова одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 проценти во однос на одлуката од 12 септември.

511

Цената на дизелот од полноќ се намалува за два денари, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според оваа одлука, новата цена на дизелот ќе биде 95 денари за литар. Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 84,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 по цена од 87 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 93,5 денари за литар. Непроменета останува и цената на мазутот, односно тој ќе се продава по цена од 51,473 денари/килограм.






Со оваа, најнова одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 проценти во однос на одлуката од 12 септември.

Поврзани содржини