ПОЕВТИНИЈА ГОРИВАТА Еве колку ќе чини литарот по полноќ
Регулаторната комисија за енергетика ги намали сите цени на горивата во однос на оние од претходната недела.
Од полноќ поевтинуваат сите видови на горива, соопшти Регулaтротната комисија за енергетика која ги објави новите цени.
Малопродажната цена на бензинот од типот „еуросупер-95“ ќе изнесува 74 денари што претставува намалување за 1,5 денари по литар. За 1,5 денари поевтинува и бензинот „еуросупер-98“ и ќе чини 76 денари.
Цената на дизелот се намалува за 1 денар, и од утре ќе чини 68,5 денари.
Се намалува и цената на екстралесното масло за домаќинство за 1,5 денари, кое од полноќ ќе се продава за 68 денари литар.
Поевтинува и на мазутот, од 37,6 и тој од полноќ ќе чини 36,7 денари по килограм.