ПОЕН ЗА ФИЛИПЧЕ Една важна политичка партија ќе се приклучи кон СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека нема намера да се повлече од функцијата.

38

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека нема намера да се повлече од функцијата бидејќи, како што истакна, неговата главна цел е да продолжи да се бори за „заздравување на општеството, искоренување на корупцијата и враќање на државата на европскиот пат“.

– Јас верувам во ова што го правам. Човек сум што работи прецизно и добро пресметав пред да се нафатам на ова. Сакам ова општество да заздрави, да биде исчистено од корупција, да се направат реформите и да влеземе во Европската Унија. Тоа е мојата стратешка цел – изјави Филипче.






Филипче истакна дека СДСМ останува целосно обединета партија, со синхронизирана и компактна пратеничка група, а дека процесот на внатрешна консолидација во општинските организации е во тек.

– Мојата работа се темели на чесни намери и верувам дека ако граѓаните ни ја дадат довербата на следните избори, можеме да ја водиме државата како вистинска европска демократија, без корупција – додаде тој.

Филипче најави дека политичката партија ПОЕН на Рубин Земон ќе се приклучи кон СДСМ.

Поврзани содржини