ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ ВО ЧАИР До крајот на годинава ќе има 50 подземни контејнери на 15 локации

69

Во Чаир денеска се поставени уште 3 подземни контејнери.

Во присуство на директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Драги Митковски и градоначалникот на Чаир Изет Меџити беа промовирани најмодерните проекти за урбана чистота и ред – поставување подземни контејнери, проект кој ќе се реализира низ цел Чаир.






– Овој проект е голем чекор напред. Разлика која се гледа и чувствува. Ова значи помалку ѓубре надвор. Помалку неред. Повеќе хигиена за секое семејство. Овој систем ќе ја одржува околината поуредна. Почиста. Побезбедна. Отпадот се складира под земја, подалеку од очите и подалеку од непријатните миризби. Просторот на земјата се ослободува. Улиците изгледаат многу подобро. Животната средина станува попријатна за живеење – напиша Меџити на Фејсбук.

Досега се поставени контејнери на 5 локации, а на секоја локација има по 3 подземни контејнери. Денеска е поставена шестата локација, така што од денеска во Чаир има 15 подземни контејнери.

– До крајот на годината овој систем ќе го поставиме на 15 локации и над 50 подземни контејнери ќе бидат во функција на нашите граѓани. Чаир добива нов изглед. Одиме кон европски стандард. Со големи инвестиции. Со работа што се гледа. Со резултати што се чувствуваат секој ден. Ова е грижа за животната средина. Грижа за вашето здравје. Грижа за квалитетот на животот во Чаир – напиша Меџити.

Поврзани содржини