ПОДВИДОТ НА ОМИКРОН ГО ИМА ВО НАЈМАЛКУ 22 ЗЕМЈИ Еве што досега знаеме за новиот вирус
И додека британските медиуми зборуваат за 22, Светската здравствена организација вели дека пријавени случаи на „скришниот омикрон“ има во повеќе од 40 земји, вклучувајќи ги САД, Индија, Германија и Австралија. Тој е во пораст и во Норвешка, пренесува Lexi Nahl.
Подвидот БА. 2 на сојот омикрон од коронавирусот веќе се распространил во најмалку 22 земји, со вкупно 2.093 регистрирани случаи, велат од британската Агенција за здравствена безбедност (УКХСА). „Варијантата е под истрага“ пишува во соопштение на Агенцијата, а научниците бараат повеќе време за анализи, јавува Ај-Њуз. Сепак, првичните резултати се охрабрувачки. Во Данска, земјата каде половина од случаите се со БА. 2 нема разлика во хоспитализациите и во сериозноста на болеста.
„Анализите за заразноста и ефикасноста на вакцините се во тек. Се очекува дека вакцините исто така имаат ефект против тешка болест при инфекција со BA. 2“, се вели во соопштение од Агенцијата.
СЗО вели дека БА. 2 го има во 40 земји
И додека британските медиуми зборуваат за најмалку 22, Светската здравствена организација вели дека приајвени случаи на „скришниот омикрон“ има во повеќе од 40 земји, вклучувајќи ги САД, Индија, Германија и Австралија. Тој е во пораст и во Норвешка, пренесува Си-Би-Ес 12.
БА. 2 е само една од трите подваријанти на омикрон со имиња БА. 1, БА. 2 и БА. 3. Само во Велика Британија има 53 потвдени случаи.
– Природата на вирусите е да еволуираат и мутираат, така што е за очекување дека ќе продолжиме да гледаме како се појавуваат нови варијанти – рече д-р Мера Чанд, директор за инциденти во УКХСА.
⚠️90%-120% FASTER—New model on the new #BA2 subvariant shows a ⬆️90% competitive growth advantage over vanilla BA1 #Omicron in Denmark🇩🇰. Worse, modeling in England🏴 shows ⬆️~120% faster BA2 advantage over BA1. 🧵
HT @JPWeiland (who correctly said Omicron was 5-6x Delta before) pic.twitter.com/WJ8LGAgQOI
— Eric Feigl-Ding (@DrEricDing) January 23, 2022
Скришен омикрон за „супер имунитет“
Она што може да биде добро за „скришниот омикрон“ е тоа што тој би можел да го зајакнува имунитетот и да делува како бустер-доза, особено кај оние кој веќе се вакцинирани, но вирусот пак „ги пробил“. Ова засега е потврдено само за основата варијанта на омикрон-сојот.
– Луѓето кои добиле пробивна инфекција веројатно понатаму ќе бидат во навистина одлична форма – изјави за CBS12 News Томас Унаш, здравствен професор на УСФ на Колеџот за јавно здравје, додавајќи:
– Колку долго ќе трае тој имунитет не знаеме.
Експертите сега истражуваат дали луѓето кои имале вакцина и омикрон би можеле да развијат „супер имунитет“ и да бидат подобро заштитени од BA. 2.
Колку е опасен Омикрон BA. 2?
Потребен е повеќе датум за да може да се процени дали варијантата е попренослива од Омикрон. Д-р Чанд од УКХСА вели дека изменетата форма на омикрон не била неочекувана бидејќи „природата на вирусите еволуира и мутира“.
– Нашиот континуиран геномски надзор ни овозможува да ги откриеме и да процениме дали се значајни.
Том Пикок, виролог од Империал колеџ во Лондон, твитна: „Постојаниот раст низ повеќе земји е доказ дека BA. 2 може да биде одреден степен попренослив од BA. 1“.
„За жал, тука навистина завршуваат доказите – во моментов немаме силна контрола за антигеноста, сериозноста или многу докази за тоа колку поголема преносливост BA. 2 може да има над BA. 1 – сепак можеме да направиме некои претпоставки/рани набљудувања.“
Во меѓувреме, неколку европски земји се подготвуваат за нов пристап во пандемијата. Британија и Шпанија ќе ги тргнат маските и ковид-мерките во надеж дека омикрон-сојот, кој е попренослив, но помалку смртоносен ќе доведе до природен колективен имунитет и крај на пандемијата.