🎥 ПОДРУМОТ КАКО ТЕМПИРАНА БОМБА, БИЛ ПРЕПОЛН СО ЗАПАЛИВИ МАТЕРИЈАЛИ Уште гори зградата во Чаир
Пожарникарите од скопската противпожарна бригада утрово го гаснат пожарот со три возила, а жариштето тешко се совладува поради густиот чад во подрумот.
Пожарот во зградата во Чаир сè уште е активен, информираше утрово Центарот за управување со кризи. Пожарникарите од скопската противпожарна бригада утрово го гаснат со три возила. Жариштето тешко се совладува поради густиот чад во подрумот, кој е полн со запаливи материјали.
Вчера пожарникарите добија помош и од едно возило на армијата.
Синоќа ЦУК објави дека се запалиле подрумските простории во зградата.
„БППЗ на Град Скопје од 01.50 часот гасне запален магацин на неутврдена површина на улицата Прохор Пчински во Скопје. Интервенцијата ја извршува со 7 возила и 20 пожарникари. На лице место освен единици од БППЗ кои го гасат пожарот се и полиција и Итна медицинска помош. Според утринскиот службен извештај од БППЗ, еден пожарникар бил однесен на токсикологија поради големо количество вдишан чад. Гаснењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали“, соопшти ЦУК.
Од зградата во која е магацинот вчера беа евакуирани речиси 100 станари. 30 возрасни, 12 деца, еден пожарникар и еден полицаец се однесени на скопските клиники поради труење со чад.