„Подравка“ донира пакети со производи за Институтот во Козле

242

Претставниците на менаџментот на компанијата „Подравка“ заедно со амбасадорката на Хрватска во земјава, Нивес Тигањ, донираа пакети со прехранбени производи за деца од 0 до 18-годишна возраст кои престојуваат во ЈЗУ Институтот за белодробни заболувања во Козле, како и за болничкиот персонал кој се грижи за нив.

Како општествено одговорна компанија, „Подравка“ води грижа првенствено за најмладите за кои смета дека се нашата иднина, со желба да им помогне кога помошта им е најпотребна токму преку ваков тип на хуманитарни иницијативи.






– И покрај вонредните услови во кои живее регионот и светот, „Подравка“ се труди да помогне онаму каде што е најпотребно. Денеска ќе се обидеме да им украдеме насмевка на децата кои се лекуваат во ЈЗУ Институтот за белодробни заболувања Козле, во Скопје. Во име на сите вработени во „Подравка“ даруваме едно големо срце за побрзо оздравување на децата и нивно враќање во нормалниот живот – истакнa Игор Мањиќ, директор на компанијата „Подравка“ во Македонија.

 

Поврзани содржини