ПОДОБРО САМИ ДА СЕ РАСПУШТАТ, ИНАКУ ЌЕ БИДАТ РАСПУШТЕНИ Турција упати предупредување до курдската милиција во Сирија која е поддржана од САД

Турција се координираше со Русија и со Иран за да не интервенираат воено кога бунтовниците, предводени од Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), маршираа кон Дамаск за да го соборат авторитарниот владетел Башар ал-Асад, изјави турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан.

2,327

Курдската милиција во Сирија, поддржана од САД, мора или самата да се распушти себеси или ќе биде распуштена и разоружана, предупреди турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан.

Неговото предупредување се однесува на курдската милиција – Единиците за народна одбрана (ЈПГ) – која контролира големи делови од североисточна Сирија долж турската граница, а Анкара ја смета за терористичка организација.






– Сите несириски меѓународни борци во редовите на ЈПГ мора да ја напуштат Сирија што е можно поскоро. Во втората фаза, целата команда на ЈПГ исто така мора да ја напушти Сирија, а преостанатите припадници мора да се разоружаат – изјави Фидан во интервју за локалната телевизија НТВ.

Тој изрази уверување и дека преодната влада во Дамаск нема да дозволи ЈПГ да ги експлоатира сириските нафтени полиња.

Турција ја гледа ЈПГ како огранок на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), па оттука и двете групи ги смета за терористички.

Од друга страна, пак, САД ја сметаат ЈПГ за сојузник во борбата против екстремистите на Исламската држава во Сирија.

Турција сега се смета за највлијателниот странски актер во Сирија по промената на власта.

Се очекува Анкара денеска повторно да ја отвори својата амбасада во сирискиот главен град Дамаск првпат од 2012 година кога таа беше затворена поради граѓанската војна во Сирија.

– Турција се координираше со Русија и со Иран за да не интервенираат воено кога бунтовниците предводени од Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) маршираа кон Дамаск за да го соборат авторитарниот владетел Башар ал-Асад – рече Фидан.

Лице, запознаено со ова прашање во Анкара, изјави за ДПА дека Турција му кажала на ХТС дека се надева на мирна транзиција во Сирија

Поврзани содржини