ПОДОБРО Е ДА БИДЕТЕ ПИЈАНИ ИЛИ ЗАЉУБЕНИ? Вино или љубов или и вино и љубов?
Христијанскиот свет денеска ја слави љубовта – православните го слават Свети Трифун – заштитникот на виното, лозјата и лозите, заштитникот на полските култури и заштитникот на брачната љубов и верноста, а католиците Свети Валентин, заштитникот на вљубените. И едните и другите слават - со вино!
Свети Трифун или Свети Валентин? Православните верници го слават Свети Трифун на 14 февруари, додека во западниот свет се слави Свети Валентин, кој е попознат како Денот на вљубените. Светците биле современици и двајцата настрадале од маченичка смрт додека го проповедале христијанството во политеистичката Римска империја.
Како и да е, дали е Свети Трифун или Свети Валентин и православните и католиците ќе си го прослават празникот со вино. Се знае, виното е пијалакот за кој често се вели дека е „пијалак на љубовта“.
Повеќе за ова на „Арт кујна“.