ПОДНЕСЕНИ ОБВИНЕНИЈА ПРОТИВ 34 ЛИЦА И 3 ФИРМИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ Се води истрага за уште 13 полицајци

Обвинителството издало наредба за истражна постапка и против 13 службени лица, полицајци поврзани со случајот. За полицајците се бараат мерки за обезбедување на присуство, бидејќи при акциската контрола дозволиле употреба на пиротехника. 

501

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, соопшти дека денеска до Основниот суд во Кочани е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

– Денеска до Основен суд Кочани се поднесува обвинителен акт против 34 физички и три правни лица за кривични дела кои предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери, на место на кое се собрале поголем број луѓе, односно за пожарот при настапот на музичката група ДНК на 16 март, каде што животот го загубија 62 лица, 157 се здобија со тешки повреди и 54 лица со повреди – изјави Коцевски.






На почетокот од денешната прес-конференција во врска со истрагата за пожарот во Кочани, тој информираше дека е издадена наредба за истражна постапка и против 13 службени лица, полицајци поврзани со случајот.

За полицајците се бараат мерки за обезбедување на присуство, бидејќи при акциската контрола дозволиле употреба на пиротехника. Дополнително, постапиле и спротивно на прописите за заштита и одобриле акциска контрола во дискотеката.

Други детали од прес конференцијата ќе објавиме наскоро.

Поврзани содржини