Поднесени 1.350 апликации за субвенции за инвертери во Скопје

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата

437

Во текот на изминатите 15 дена поднесени се 1.350 апликации за субвенции за инвертери, а остануваат средства за уште околу 4.000 барања, информира Град Скопје..

Оттаму ги потсетуваат граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.






Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување ќе ги најдете на следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

Поврзани содржини