Поднесена претставка за судијката Јосифовиќ за пресудата за сообраќајката кај „Млечен“

Кривичниот суд денеска суптилно ја префрлува топката кај обвинителкта Снежана Бундалеска. Нанесувањето на тешките телесни повреди и смртните последици е сторено од небрежност, а така одлучило обвинителството.

924

– Очекувам затворска казна. Тоа е најмалата сатисфакција што можам да ја добијам во оваа фаза, во овој предмет – изјави Наташа Димитриевска, пренесе „ТВ24“.

Очекувањата се ставени на хартија. Правната битка за Наташа Димитриевска почна од пред најмоќното правосудно тело во Македонија. Судскиот совет ги доби забелешките за судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, која за усмртувањето на Гоце Димитриевски, губењето на плодот и тешките повреди на Наташа пресуди условна казна за Васил Чорбаџиев. 63 годишен скопјанец кој со својот автомобил недозволено сврте на две полни линии и удри во моторот на Димитриевски.






Кривичниот суд денеска суптилно ја префрлува топката кај обвинителкта Снежана Бундалеска. Нанесувањето на тешките телесни повреди и смртните последици е сторено од небрежност, а така одлучило обвинителството.

– Јавноста мора да знае дека судот постапува по обвинителни предлози и акти доставени од истрага и квалификација која ја води и утврдува јкавниот обвинител и носи пресуди во рамки на пропишаните казни во КЗ, водејќи сметка за сите околности. Судот во ваков случај не може да смени или преквалификува кривично дело ниту може да излезе од рамките на пропишаната казна – велат од Кривичен суд.

Но обвинителството знае дека за ова дело судот можел да одреди минимум една, а максимални пет години затвор за возачот на џипот, неправосилно осудениот Чорбаџиев. Токму поради ова веќе најавуваат жалба до Апелација.

Линк: ТВ24

Поврзани содржини