Поднесена кривична пријава против клубот „Аватар“ и против неговиот сопственик

Во соопштението се наведува дека на 18 јули на профил креиран на социјалната мрежа „Инстаграм“, кој го користи пријавениот правен субјект, било објавено дека истата вечер во нивни угостителски објект ќе настапуваат естраден уметник и музичка група.

290

Секторот за внатрешни работи Струмица подготви кривична пријава која ќе биде доставена до Основното јавно обвинителство Струмица против правно лице од Струмица и одговорно лице И.В. (45) кои сториле кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичен закон, соопштија денес од струмичката полиција.

Во соопштението се наведува дека на 18 јули на профил креиран на социјалната мрежа „Инстаграм“, кој го користи пријавениот правен субјект, било објавено дека истата вечер во нивни угостителски објект ќе настапуваат естраден уметник и музичка група.






„Од преземените мерки и обезбедените докази било утврдено дека правното и одговорно лице дозволиле во времето од 21:00 до 01:00 во објектот да се одржи настап на естрадниот уметник и музичката група, воедно дозволиле и присуство на неограничен број гости кои биле послужувани на шанк и стоечки маси, со што постапиле спротивно на Протоколот за отварање и работа на кафетериите, а кој протокол произлегува од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот“, стои во соопштението на СВР-Струмица.

Поврзани содржини