Поднесе оставка поради неговиот брат! Флорин Бесими го врати пратеничкиот мандат

Оваа одлука ја донесов на денот кога беа објавени имињата на кандидатите за министри на новата влада, која произлезе од гласот и слобота воља на граѓаните на парламентарните избори одржани на 15 јули - вели Бесими.

1,118

Братот на предложениот министер за финансии Фатмир Бесими, флорин соопшти дека се откажува од пратеничкиот мандат, за како што вели, во иднина да се избегне евентуален судир на интереси.

– Останувајќи убеден во принципите за еднаквост, правда, еднакви можности за сите, и почитувајќи ги во целост законите како и вољата на народот, изјавувам дека останувам доследен и го враќам мандатот на пратеник во Собранието ма РСМ, со цел да се ибегне можен конфликт на интереси со мојот глас во Собранието. Оваа одлука ја донесов на денот кога беа објавени имињата на кандидатите за министри на новата влада, која произлезе од гласот и слобота воља на граѓаните на парламентарните избори одржани на 15 јули. Оваа моја одлука е по предходна консултација и потполна координавија со претседателот Али Ахмети. Оваа одлука ќе се спроведе според законот и нормативните процедури на Собранието – вели Бесими во соопштението.

Поврзани содржини