ПОДМЕТНАТ ПОЖАР ВО КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ВО НОВИ САД Нема повредени, оштетена е вратата на катедралата

Градоначалникот на Нови Сад, Жарко Миќин, остро го осуди инцидентот, оценувајќи го како насилство и вандализам.

120

Пожар избувна утрово на страничниот влез во католичката црква „Името на Марија“ во центарот на Нови Сад, кој пожарникарите брзо го изгаснаа.

Според првичните информации, нема повредени.






Како што објавија локалните медиуми, пожарот бил „подметнат“, а материјална штета е направена на страничната врата од катедралата.

Градоначалникот на Нови Сад, Жарко Миќин, остро го осуди инцидентот, оценувајќи го како насилство и вандализам.

– Нови Сад е град на толеранција, меѓусебно почитување и целосна слобода на вероисповед. Секоја закана за верските објекти и правата на верниците е директен напад врз соживотот и безбедноста на сите наши сограѓани – изјави Миќин.

Свештеникот во црквата Атила Желер во изјава за локални медиуми рече дека засега не ја знаат причината за инцидентот и чекаат официјално полициско соопштение.

– Претпоставуваме дека во раните часови бил подметнат пожарот на страничната врата на влезот во црквата. Не ја знаеме причината зошто е подметнат. Жално е што тоа се случило на Божик. Фала му на Бога, освен материјалната штета, нема поголеми штети и пожарот не стигнал до внатрешноста на црквата – изјави Желер.

Фото: Принтскрин

 

Поврзани содржини