ПОДГОТВИ СЕ ЗА ДИГИТАЛНАТА ЕРА Бесплатни мастер часови за медиуми и новинарство
Мастер часовите се бесплатни, а за учесниците надвор од Скопје ќе бидат покриени трошоците за сместување и пат. По завршувањето на мастер часовите, учесниците се стекнуваат со сертификат и 3 ЕКТС кредити - велат огранизраторите.
Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС, во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД, „Младите размислуваат“, ќе органиризираат мастер часовите за медиуми и новинарство – „Подготви се за дигиталната ера“, каде што обуките ќе ги држат реномирани претставници од седмата сила.
– Мастер часовите претставуваат комбинација од обука со физичко присуство и практична работа. Тие ќе се реализираат во текот на мај и јуни во период од 5 дена, од кои три се наменети за сесии и дискусии со тренери кои се етаблирани новинари, а два за продукција на мултимедијални производи во тимови и под менторство на тренерите – се вели во повикот.
Според објавата, мастер часовите се наменети за млади луѓе од 19 до 34 години, вклучувајќи студенти, млади новинари и оние кои сакаат да се надградат со дигитални медиумски вештини.
– Мастер часовите се бесплатни, а за учесниците надвор од Скопје ќе бидат покриени трошоците за сместување и пат. По завршувањето на мастер часовите, учесниците се стекнуваат со сертификат и 3 ЕКТС кредити – велат огранизраторите.
Сите заинтересирани може да се пријават до 3 мај (ВТОРНИК) на овој ЛИНК, а доколку сакате да ја дознаете програмата и обучувачите кликнете ТУКА.
Што ќе научиш?
Да ги препознаваш предизвиците на онлајн медиумите во дигиталната ера;
Да користиш алатки за проверка на информации од социјалните медиуми;
Да прибираш податоци од Интернет и да ги трансформираш во информации вредни за објавување;
Да визуелизираш со (интерактивни) инфографикони, мапи и аудио-слајдови;
Да блогираш и да пишуваш на веб-пријателски начин;
Да креираш и промовираш сопствен блог и да ја ангажираш публиката на веб;
Да уредуваш слики, аудио или видео за веб;
Да продуцираш стории, влогови и поткасти со мобилен телефон;
Да користиш мултимедијални апликации за продукција.