ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЧЕН ДЕН Магла можна во утринските часови

По котлините наутро можна е магла, а во текот на денот ќе преовладува претежно облачно време со слаб јужен ветер.

115

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -4 во Берово до 4 во Гевгелија, а максималните дневни од 10 во Маврово и 17 Целзиусови степени во Гевгелија.






Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Температурата ќе се движи од 0 до 16 степени.

В вторник нѐ очекува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -2 степени до 5 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 14 степени до 20 степени.

Според прогнозата на УХМР, променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла во среда. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од 0 степени до 6 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 13 степени до 18 степени.

Поврзани содржини