ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЧЕКАЊЕ НА ГРАНИЦА На „Табановце“ и „Богородица“ се чека по 40 минути
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
На ГП „Табановце“ и на на ГП „Богородица“ се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.