ПОДГОТВЕТЕ ГИ НЕРВИТЕ! Утрово на скопските улици има гужви поради монтирање светлосна сигнализација
По должината на улица Фебруарски Поход ќе нема прекин во сообраќајот, но е се одвива наизменично и парцијално по една сообраќајна лента во правец, а на бул.АСНО“ кон ул.Февруарски Поход ќе бидат слободни десните вртења за да можат автобусите непречено да движат, а возилата ќе ја користат истата лента, а и околните сообраќајници околу паркиралиштата
Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје најави дека денеска во 8.30 часот екипи одговорни за одржување на светлосната сигнализација на градските сообраќајници ќе почнат со реализација на активности за монтажа на нови портални и конзолни семафорски столбови на крстосницата помеѓу булевар „АСНОМ“ и улицата „Февруарски поход“.
За време на изведување на работите сообраќајот ќе се одвива непречено, но отежнато.
„По должината на улица Фебруарски Поход ќе нема прекин во сообраќајот, но е се одвива наизменично и парцијално по една сообраќајна лента во правец, а на бул.АСНО“ кон ул.Февруарски Поход ќе бидат слободни десните вртења за да можат автобусите непречено да движат, а возилата ќе ја користат истата лента, а и околните сообраќајници околу паркиралиштата“, соопштија од Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје.