ПОДГОТВЕНИ СТЕ ЗА 40 СТЕПЕНИ? Утрешниот ден сончев и жежок, но вистинскиот пекол доаѓа од среда

И главниот град ќе биде под влијание на топлиот бран, Скопје утре ќе има сончево и топло време, со слаб северен ветер. Максималната температура ќе се движи околу 37°C, а минималната ќе биде околу 14 степени.

304

Македонија утре ќе ужива во топло време, но метеоролозите предупредуваат дека топлотниот бран не застанува тука, не’ чека вистински пекол кон средината на неделата.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денот ќе биде сончев и топол, со температури над просекот за овој дел од јуни.






– Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, што ќе придонесе за благ пад на влажноста и чувство на свежина во утринските часови – информираат од УХМР.

Минималните утрински температури ќе се движат од 8°C во Берово до 17°C во Гевгелија. Дневните ќе достигнат од 26°C во Маврово, до дури 38°C во Гевгелија.

И главниот град ќе биде под влијание на топлиот бран, Скопје утре ќе има сончево и топло време, со слаб северен ветер. Максималната температура ќе се движи околу 37°C, а минималната ќе биде околу 14 степени.

Метеоролозите препорачуваат граѓаните да носат лесна облека, да внесуваат доволно течности и да ја избегнуваат директната изложеност на сонце во најтоплиот дел од денот – помеѓу 11 и 17 часот.

Но вистинската горештина доаѓа од среда! Според најавите, од средината на неделата па сè до петок, максималните температури на повеќе места низ земјава ќе достигнуваат и до 40 степени Целзиусови. Се очекува продолжен период на екстремна топлина, поради што се препорачува внимателно планирање на дневните активности, особено за постарите лица, децата и хронично болните.

Поврзани содржини