ПОДГОТВЕНИ СМЕ ЗА МИР Зеленски утрово го посети ослободениот Херсон (ВИДЕО)

Неколку минути пред да пристигне претседателот, луѓето во центарот на Херсон можеа да слушнат гранатирање во близина.

367

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го посети Херсон, неколку дена по повлекувањето на руските трупи од тој град во јужна Украина по неколкумесечна окупација.






– Одиме напред. Ние сме подготвени за мир, мир за целата наша земја – им рече Зеленски на војниците.

Тој им се заблагодари на НАТО и на другите сојузници за поддршката во војната против Русија.

 

На главниот плоштад се собраа и родители со деца, некои туркаа колички за бебиња.

– Навистина сум среќен, може да се види од реакцијата на луѓето, нивната реакција не е исценирана – рече тој.

 

Неколку минути пред да пристигне, луѓето во центарот на Херсон можеа да слушнат гранатирање во близина.

Откако Зеленски го заврши својот говор, низ градот одекнаа уште неколку експлозии од артилериски оган.

Поврзани содржини