ПОДГОТВЕНИ СМЕ ЗА БОРБА СО ТУРКИЈЕ Ердоган греши ако мисли дека нема да го браниме суверенитетот на Грција

Ќе направиме сè што е потребно за ги одбраниме и заштитиме нашите суверени права. Опасно се приближуваме кон крајот на нашето трпение, вели грчкиот министер за одбрана, Никос Панајотопулус.

800

Грција ја предупреди Туркије дека е премината горната граница на трпението поради постојаните провокации, кои вклучуваат прелети со борбени авиони и барања за демилитаризација на грчките острови.

– Ќе направиме сè што е потребно за ги одбраниме и заштитиме нашите суверени права. Опасно се приближуваме кон крајот на нашето трпение – вели грчкиот министер за одбрана, Никос Панајотопулус.






Говорејќи на годишната конференција за безбедност – ГЛОБСЕК, одржана во Братислава, министерот ја изрази фрустрацијата на Грција во односите со Туркије, наводно сојузничка земја од НАТО.

– Се чувствуваме чудно во ситуација кога нашиот сојузник ни се заканува со војна, доколку го искористиме нашето законско право, согласно со меѓународното право, а тоа е да ги прошириме нашите територијални води за 10 километри. Не сакам да имам такви сојузници. Ако Ердоган мисли дека нема да го бранам суверинитетот и правото на Грција и дека нема  тогаш тој погрешил – додаде Панајотопулус.

 

Поврзани содржини