ПОДГОТВЕН НАЦИОНАЛЕН ПЛАН ЗА СПРАВУВАЊЕ СО МАСОВНИ ЖРТВИ Целта е да се зголеми преживувањето при природни катастрофи и несреќи

Особено по трагичниот настан во Кочани, евидентно е дека е неопходна изработка на сеопфатен план, кој поставува институционални стандарди во координација, тријажа, транспорт и згрижување на повредените лица, соопшти Министерството за здравство.

115

Министерството за здравство, во соработка со повеќе надлежни институции подготви национален план за справување со масовни жртви, со цел справување со зголемени ризици од настани кои може да резултираат со масовни жртви – природни катастрофи, сообраќајни несреќи, индустриски инциденти, пожари и други вонредни ситуации.

Особено по трагичниот настан во Кочани, евидентно е дека е неопходна изработка на сеопфатен план, кој поставува институционални стандарди во координација, тријажа, транспорт и згрижување на повредените лица, соопшти Министерството за здравство.






– Овој план, кој беше усвоен на денешната седница на Владата по предлог на Министерството за здравство, е подготвен со поддршка на Светската здравствена организација, а истиот е усогласен со препораките на НАТО и стандардите на меѓународните здравствени регулативи. Со усвојувањето на овој план се овозможува намалување на смртноста и зголемување на преживувањето при масовни инциденти, унапредување на координацијата меѓу институциите и побрз одговор, подигнување на оперативната готовност на здравствените установи, развој на систем за обука, симулациски вежби и континуирано усовршување – вели министерот за здравство, Азир Алиу.

Целта на планот е да обезбеди оперативни протоколи за стратегиско, болничко и предболничко ниво, рационално користење и распределба на човечките и материјалните ресурси, односно, национално усогласена рамка за координирано постапување при настани со масовни жртви.

Во процесот на изработка на националниот план за справување со масовни жртви, Министерството за здравство воспостави мултисекторски и мултидисциплинарен пристап, кој овозможи стручна, институционална и меѓуресорска координација. Беа вклучени Институтот за јавно здравје, службата за итна медицинска помош, ургентните центри, Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, медицинските факултети, како и меѓународни партнери и експерти од СЗО, соопшти министерството.

Поврзани содржини