ПОДГОТОВКИ ЗА ОХРИДСКИОТ МАРАТОН Градот ги подели обврските

Договорено да се формира Организациски одбор за успешна реализација на маратонот, а за координатор на активностите е поставен Ристе Јанкоски.

96

Распределба и прецизирање на обврските за реализација на годинашното издание на Охридскиот пливачки маратон денеска беа направени на координативен состанок со претставници на локалната самоуправа, охридските пливачки клубови и Пливачката федерација на Македонија.

На состанокот, што се одржа во Општина Охрид, присуствуваше и охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, а е договорено да се формира Организациски одбор за успешна реализација на маратонот. За координатор на активностите е поставен Ристе Јанкоски.






Градоначалникот Пецаков ја истакна важноста за Охрид и за охриѓани од одржувањето на маратонот, давајќи силна поддршка за успешно издание.

Поврзани содржини