📽📷 ПОДГОРИЦА ВО ОГНЕН ОБРАЧ, ПОЖАРИТЕ ГОЛТААТ СЀ ПРЕД СЕБЕ Откриена неверојатната причина за првиот пламен што ја фрли Црна Гора во хаос

Подгорица, главниот град на Црна Гора, е опколен од оган, со сцени налик на хорор филм, велат локалните медиуми. Екипите за спасување извлекле мајка и нејзиното 4-годишно дете, а пожарникарите пронашле и жители кои се криеле во подрумите на своите домови, загрозени од пламенот.

4,041

Црна Гора се соочува со разорни пожари кои беснеат низ целата земја. Првиот пожар избил кај Чањ, а потоа се проширил во Подгорица, Будва, Бар, Никшиќ, Шавник и во Бијело Поље, оставајќи пустош зад себе, објави Блиц.

Шокантни сцени од популарна плажа во Црна Гора






На социјалните мрежи е објавено видео од плажата во Петровац, на кое се гледа како густиот чад го прекрива небото.

Чадот доаѓа од правец на Буљарица и на Чањ, а според достапните информации, пожарот е целосно надвор од контрола, а ветрот дополнително го отежнува гаснењето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Подгорица во огнен обрач

Подгорица е опколена со оган, со сцени како од хорор филм. Утрово во 03:00 часот избил нов голем пожар во околината на Подгорица, на Какаричка Гора, каде што борбата со огнената стихија сѐ уште трае.

Во понеделникот, припадниците на Службата за заштита и спасување на главниот град спасија мајка со четиригодишно дете. Пожарникарите пронајдоа и луѓе кои се криеле во подруми на куќи, загрозени од огнот.

Според Министерството за внатрешни работи, најкритично синоќа било во Куфин, Пипери, Кучи и во Кокоти.

Пожарот кај Буљарица повторно разгорен

Според некои информации, пожарот повторно се разгорел кај Буљарица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Најнови информации за пожарите

Пожарите, кои синоќа избувнаа на повеќе локации во околината на Подгорица, се активни и утрово, а според информациите од медиумите, најкритично е и понатаму во Пипери, каде што синоќа се појавија нови жаришта во Дрезга и Церовица, изјави директорот на Директоратот за заштита и спасување при МВР, Миодраг Бешовиќ.

Освен во Пипери, лоша е состојбата и на Какаричка гора, а патот кон Кучи е затворен. Гори и во Рогами, на Смоковац, во Кокоти, Комани, Зета и Барутана.

Гаснењето на повеќе локации во текот на ноќта го следеше и градоначалникот на Подгорица, Саша Мујовиќ.

Пожарот што синоќа избувна на авто-отпад во Горња Горица е изгаснат, па магистралниот пат Подгорица–Даниловград е повторно прооден.

Во остатокот од државата, Бешовиќ вели дека пожари утрово се активни кај Шавник, додека кај Чањ, каде што вчера беше драматично, состојбата е малку подобра благодарение на пожарникарите кои дежурале цела ноќ.

Сепак, пожарот кај Чањ во текот на ноќта повторно се разгорел поради силен ветар, но утрово состојбата е нешто подобра, изјави за ТВ „Вијести“ шефот на пожарникарите од Бар, Ацо Вулевиќ.

Откриена причината за пожарите

Пожарите се разгореле откако во Буљарица се запалил автомобил на албански државјанин. Огнот се проширил на непристапен терен, стигнал до Чањ, а потоа и на други места. Албанскиот државјанин Х.Д. нема да одговара за предизвикување на пожарот над Буљарица.

Шефот на подгоричките пожарникари, Никола Бојановиќ, за ТВ „Вијести“ изјави дека е активен голем пожар во Горња Горица, поради кој синоќа беше затворен и магистралниот пат кон Никшиќ, а во меѓувреме избувнале нови пожари во Кокоти, Смоковац, Кучи, Зета и Дахна.

Во Пипери од утрово нема вода и струја.

Чад над плажата во Чањ

На вознемирувачки фотографии, кои масовно се споделуваат на социјалните мрежи, се гледаат столбови чад кои се издигаат кон небото, додека огнот ја голта вегетацијата на падината над патот. Автомобилите поминуваат внимателно, а возачите и патниците го задржуваат здивот минувајќи покрај огнената стихија.

На снимка од понеделникот се гледаат лежалки и чадори на локалната плажа во Чањ, луѓе кои ги собираат работите, а некои сѐ уште се капат, и покрај густиот чад што се шири од пожарот кој избувнал во непосредна близина во текот на ноќта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Огнот зафати и простор над Кралицината плажа, на ридот Дубовица, каде што гори густо растителство.

Пожарникар повреден во експлозија

При гаснење пожар во местото Рогами вчера дошло до експлозија во која е повреден пожарникар, соопшти в.д. командирот на Службата за заштита и спасување на главниот град, Никола Бојановиќ.

Страшни сцени од Подгорица

Десетици пожарникари со повеќе од 20 возила на Службата за заштита и спасување на Подгорица со часови се бореа со огромен пожар на територијата на Пипери, кој загрози неколку приградски населби.

– Дојдоа луѓе до нашите врати и ни рекоа да ги напуштиме куќите, дека не е безбедно. Сцените се ужасни, огнот премногу брзо се шири. Многу сме исплашени, пожарникарите се вистински херои. Даваат сѐ од себе да спасат колку што можат – изјави една од евакуираните мештанки за РИНА.

Српски хеликоптер гаси пожари во Црна Гора

Србија во понеделникот испрати помош на Црна Гора за гаснење на пожарите од големи размери.

Хеликоптерот Камов-Ка 32 и пожарникарите од Секторот за вонредни ситуации на МВР на Србија веќе се вклучени во акцијата.

📽️ ЦРНА ГОРА Е ВО ПЛАМЕН, ДРЖАВАТА БАРА ПОМОШ Пожари кај Бар, Чањ, Буљарица, Никшиќ, армијата е вклучена во гаснењето

Поврзани содржини