ПОДЕЛЕНИ НАД 40.000 ВАУЧЕРИ Студентите масовно купуваат лаптопи и таблети

Станува збор за проект што Министерството го спроведува во соработка со Владата и МОН, а предвидува вкупно 55.000 ваучери за студенти запишани на додипломски студии во учебната 2025/26 година.

162

Околу 40.000 студенти веќе ги подигнаа ваучерите од 15.300 денари за електронска опрема во првата недела од отворањето на повикот, потврди министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување на Алфа телевизија.

Станува збор за проект што Министерството го спроведува во соработка со Владата и МОН, а предвидува вкупно 55.000 ваучери за студенти запишани на додипломски студии во учебната 2025/26 година.






Андоновски истакна дека ова е еден од најважните чекори за надминување на дигиталниот јаз меѓу младите.

– Целта е секој студент да има пристап до електронски уред. Ова е мерка што директно им го олеснува учењето и ги прави конкурентни со своите колеги во Европа – рече министерот.

Тој додаде дека токму ваквите проекти ја забрзуваат дигитализацијата и ја прават подостапна за сите. Интересот, според него, е рекорден.

– Во првиот ден имавме 15.000 апликации — бројка поголема од целокупните годишни апликации на порталот во 2023 година. Тоа само покажува колку студентите имаат доверба во мерката – изјави Андоновски.

Рокот за аплицирање е до 20 декември, но динамиката упатува на тоа дека сите предвидени ваучери ќе бидат подигнати уште во првата недела на декември. Ваучерите може да се искористат до 31 декември, во продавниците на сите 15 економски оператори кои учествуваат во мерката.

Министерот нагласи дека државата не спровела централизирана набавка, туку им оставиле на студентите самите да изберат што им е најпотребно.

„Ова е вистинскиот пристап – да им дадеме на граѓаните алатка што лично ќе им служи. Студентите сами одлучуваат што ќе купат, а со тоа се поттикнува и економијата,“ додаде тој.

Поврзани содржини