ПОДЕЛЕНИ 2.000 МАСКИ N95 ВО ТРУБАРЕВО Итна дистрибуција од здравство за заштита на жителите
Маските се ставени на располагање од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а дистрибуцијата ќе се реализира со поддршка на тимови од јавните претпријатија и Општина Гази Баба.
Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95, кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското село Трубарево.
Маските се ставени на располагање од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а дистрибуцијата ќе се реализира со поддршка на тимови од јавните претпријатија и Општина Гази Баба.
Со оваа мерка се обезбедува навремена поддршка за локалното население, со цел намалување на непосредната изложеност на загадениот воздух предизвикан од пожарот.
На лице место се присутни и две возила на итната медицинска помош, подготвени да интервенираат и да укажат соодветна здравствена помош како на пожарникарите, така и на граѓаните доколку имаат потреба.
– Наш приоритет е заштитата на здравјето на граѓаните, особено во вакви кризини ситуации. Министерството и Институтот за јавно здравје ќе продолжат со координирани активности за да се обезбеди соодветна помош и поддршка на сите засегнати – рече министерот за здравство, Азир Алиу.
Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ќе ја следат понатамошната состојба, со цел навремено преземање на сите потребни мерки за заштита на граѓаните.
– Апелираме до жителите на Трубарево да ги користат маските и да ги следат официјалните упатства за безбедност. Здравјето на нашата заедница е најважно – додаде Алиу.