ПОДДРШКА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И ЗА ЖРТВИТЕ НА НАСИЛСТВО Ивана Ѓорѓиевска на средби со кумановските здруженија

Општината и градоначалникот континуирано работат на унапредување на условите за сите лица со попреченост и обезбедуваат финансиска поддршка за здруженијата кои се борат за подобро и праведно општество , вели носителката на советничката листа на ЗНАМ, Ивана Ѓорѓиевска.

34

Претседавачот на Советот на Општина Куманово и носителка на советничката листа на ЗНАМ, Ивана Ѓорѓиевска денеска се сретна со повеќе граѓански организации и жители на Куманово.

На средбата со претставниците од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, беа потврдени заложбите за градење инклузивна општина – промотор на солидарност, еднаквост и социјална правда.






– Општината и градоначалникот континуирано работат на унапредување на условите за сите лица со попреченост и обезбедуваат финансиска поддршка за здруженијата кои се борат за подобро и праведно општество – истакна Ѓорѓиевска.

Посебен акцент беше ставен и на Советувалиштето за жртви на родово базирано и семејно насилство, кое обезбедува социјални, правни, психолошки и кариерни услуги за сите кои се соочуваат со овој проблем.

– Нашата цел е јасна – да изградиме заедница каде секоја жена, секое семејство и секој човек ќе живее достоинствено, без страв и со сигурност во иднината – додаде Ѓорѓиевска.

Во текот на денот беа реализирани и средби со граѓаните од селата Проевце и Доброшане, каде внимателно беа слушнати нивните потреби и предлози за подобар живот.
Денот заврши со мини митинг во населба Вера Которка, каде жителите уште еднаш ја потврдија поддршката за заедничката визија за Куманово како модерен, хуман и инклузивен град.

Поврзани содржини