ПОДДРШКА ЗА КОМПАНИИТЕ Ќе се формираат инвестициски фондови

Двата фонда се дел од предвидените финансиски инструменти во Планот за забрзан економски раст на Министерството за финансии, со кој ќе се поддржат инвестиции од јавниот и приватниот сектор, а во насока на достигнување просечни годишни стапки на раст од над 5 отсто.

263

Министерството за финансии заедно со Светска Банка работи на воспоставување на инвестициски фондови во земјава за поддршка на компании во сферата на зелената и дигитална трансформација.

Станува збор за Инвестициски фонд за микро, мали и средни претпријатија за инвестиции за зелена и дигитална трансформација во ФИТР и Стратешки инвестициски фонд за поддршка на инвестиции во ТИРЗ и инфраструктурата во зоните.






– Воспоставувањето на овие фондови произлегува од потребата за финансиска поддршка на компании кои се во фаза на основање и компании на кои им требаат средства за развој, но не можат да ги обезбедат во традиционалниот банкарски сегмент, како и за инвестиции на компаниите во проекти за намалување на штетното влијание врз животната средина и енергетската ефикасност – велат од Министерството за финансии.

Двата фонда се дел од предвидените финансиски инструменти во Планот за забрзан економски раст на Министерството за финансии, со кој ќе се поддржат инвестиции од јавниот и приватниот сектор, а во насока на достигнување просечни годишни стапки на раст од над 5 отсто.

Решенијата за двата фонда кои се во фаза на подготовка, беа дискутирани на средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со Мисијата на Светска банка за иновации и конкурентност предводена од Масимилијано Паолучи, постојан претставник на СБ во земјава.

Поврзани содржини