ПОДДРШКА И ЗА „БРАЌА МАНАКИ“ Спонзорства од Стопанска банка а.д. Битола за неколку културни настани

Стопанска банка а.д. Битола во изминатиот период беше спонзор и на одбележување на 25-годишнината од постоењето на групата „Фолтин“ која одржа концерт на античкиот локалитет Хераклеја, како и на манифестацијата „Битола отворен град“.

225

Стопанска банка а.д. Битола во изминатите неколку денови беше горд спонзор и поддржувач на еден од најзначајните културни настани во нашата земја и на меѓународно ниво – Интернационалниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки“.

Денеска, со завршувањето на 42-то издание на овој фестивал се заокружуваат неколку извонредни денови во кои Битола живееше во шармот на филмската уметност и магијата на врвните филмски остварувања. Со бројни, познати гости и посетители овој прв и најстар фестивал во светот, кој е посветен на креативноста на кинематограферите, под мотото „И покрај сè“ умешно ја преслика страста која може да се доживее на големото платно.






Покрај овој значаен културен настан, Стопанска банка а.д. Битола во изминатиот период беше спонзор и на одбележување на 25-годишнината од постоењето на групата „Фолтин“ која одржа концерт на античкиот локалитет Хераклеја. Симболично, Хераклеја е истата локација на која пред 25 година оваа група ја започна својата успешна приказна која им донесе и светска слава.

Како центар на културните случувања овој месец, во Битола се одржа и манифестацијата „Битола отворен град“ во организација на МКЦ Битола. Јубилејно, по 20. пат овој фестивал ги сплоти уметноста и музиката и понуди содржина за сите генерации. Стопанска банка а.д. Битола исто така беше поддржувач и на ова културно случување.

Веруваме дека поддршката на културата, во сите нејзини аспекти и форми е клучна и движечка сила на сите општествени, позитивни промени. Стопанска банка а.д. Битола секогаш, со огромно задоволство изразува поддршка и е пријател на големи културни случувања кои потсетуваат и ги враќаат вредностите на кои сите понекогаш, поради времето во кое живееме, знаеме да заборавимевелат од Банката.

Поврзани содржини